Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од денеска е ослободен од обвинението за предметот „Титаник 2“. Нему му застаре делото за кое се гонеше поврзано со изборни нерегуларности на изборите во 2013 година, бидејќи поминаа 10 години од денот кога беше обвинет.
Сега, во овој предмет, ќе им се суди само на лидерот на ДПА Мендух Тачи и останатите обвинети, за кои седница на Апелација е закажана за шест дена (13 април). За овој предмет двапати се изрекуваше пресуда од Кривичен суд, бидејќи Апелација во 2019 година ја укина.
Од шест предмети кои се водеа против Сашо Мијалков, четири се целосно решени. Тој доби ослободителна пресуда за „Тортура“, а затворската казна за „Плацови на Водно“ му беше заменета за условна.
Единствената правосилна затворска казна Мијалков ја доби за случајот „Империја“ во кој се спогоди со обвинителството. Тој одлежува три години, во затворот од отворен тип во „Струга“, каде затворениците имаат право на работно отсуство и практично само преспиваат во ќелиите. На Мијалков и натаму му се суди за „Трезор“ и „Таргет-Тврдина“ кои се далеку од правосилна пресуда, додека предметот за прислушувањето „Таргет-Тврдина“ е се поблиску до застарување.