Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека банкарскиот систем на неговата земја е стабилен и дека не гледа финансиски институции кои се во опасност од крахирање.
Американскиот претседател, кој е во посета на Отава, сепак призна дека ќе треба малку време да се смират работите. Вознемиреноста за финансискиот систем веќе неколку дена ги тресе светските финансиски пазари.