Народната правобранителка на Бугарија, Маја Манолова, размислува да користи јавен превоз или заедничко превозно средство за својата работа надвор од Софија. Повод за оваа нејзина одлука беа изјавите на министерот за финансии, Владислав Горанов, кој најави дека со промената на законот за Националната служба за безбедност (НСО) се предвидува од идната година на народниот правобранител да не му се обезбедуваат службен автомобил и возач, објави БНТ.
– Државната служба за безбедност има функција да ги брани Уставот и политичарите на кои им е загрозена личната безбедност – рече Горанов и додаде дека не треба народниот правобранител да се брани од граѓаните на Бугарија.
Тој додаде дека специјалниот комитет, кој ги проценува заканите против политичарите, оцени дека не постои опасност за Манолова.
– Доколку сакаме квалитетно да ја извршувам работата, треба да сум навреме на секое место и токму поради тоа имам потреба од возач и автомобил. За среќа, има и можност за заеднички патување, а има и јавен превоз. Следната недела размислувам да патувам до Варна со воз – изјави народната правобранителка Манолева.
Манолова наведе дека ќе ги испрати билетите за патување до министерот за финансии за да ги плати.
– Не сум поврзана со НВО, а оваа тема е премногу мала за дискусија – изјави народната правобранителка.
Таа, исто така, ја негираше веста дека може да се кандидира за градоначалничка на Софија. Манолова додаде дека има уште две години од својот мандат и планира да се посвети на успешно спроведување на своите обврски.