Техно

Компанијата „Шаоми“ на светскиот мобилен конгрес во Барселона претстави сѐ што има, а најголемо внимание привлекоа хуманоидниот робот Сајбер уан, Сајбер дог и безжичните АР-очила.
Мобилни уреди, слушалки, скутери, паметни кујни, телевизори и други паметни уреди беа претставени неодамна на штандот на „Шаоми“. Сепак, најголемо внимание привлекоа хуманоидниот робот Сајбер дог и АР-очилата, кои користат процесор Снепдрагон ХР2 ген, кој го користи и Мета квест про.
Очилата имаат дисплеј еднаков на мрежницата, се поврзуваат со мобилен уред преку НФЦ многу брзо и лесно, а „Шаоми“ дизајнираше и специјална АР-контрола на движење за полесна контрола помеѓу виртуелниот и реалниот свет.
Кога зборуваме за хуманоидниот робот Сајбер уан, тој е првиот робот од ваков вид направен во Кина. Претходно оваа компанија соопшти дека роботот има емотивна компонента, односно може да ги препознае човечките емоции и соодветно да реагира. Опремен е со два микрофона и две камери, што му овозможува да гледа во 3Д, додека со помош на микрофонот и човечкиот говор може да препознае 45 емоции и расположенија. Тежи 52 килограми и висок е 177 сантиметри, се движи со брзина од 3,6 километри на час и ќе чини околу 100.000 долари.
Сајбер дог беше особено „расположен“ и покажа импресивни акции при своето претставување пред јавноста на саемот.
Покрај сите овие уреди, „Шаоми“ претстави и прототип на нов мобилен телефон, кој ќе биде компатибилен со ДСЛР-објективите, како и новата 13-та серија на „Шаоми“, која неодамна и официјално ѝ беше претставена на јавноста.