Земјотрес на 130 километри југозападно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Елбасан во Албанија, регистриран е денеска од телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случил во 11 часот и 57 минути со Рихтерова локална магнитуда МЛ3,9 и интензитет од три-четири степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Преспа, Охрид и околината.