Фото: принтскрин

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани во урнатините по разорните земјотреси што ја погодија турско-сириската граница.

Бројот на загинати постојано се зголемува и сега се искачи на повеќе од 17.000.

Телефонски броеви и сметки за донација за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија: Да помогнеме!

Постојано доаѓаат видеа со чудни сториии и спасувања, пренесуваат медиумите во регонот. Едно од нив е спасувањето на осумгодишното девојче Зубејда, кое беше извлечено од урнатините во турскиот регион Кахраманмарас, три дена од разорниот земјотрес.

– Како влеговте во куќата – ги праша девојчето Зубејда членовите на спасувачката екипа.

– Преку прозорецот. Ги видовме прозорците и почувствувавме прекрасен мирис од куќата и помисливме дека Зубејда мора да биде таму. Знаеш дека игравме криенка? Па, сега те најдов – ѝ рекол еден спасувач.

„Издржи, душо, наскоро ќе заврши“, му рекол спасувачот на малото девојче додека го вадел од под урнатините.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те региони најпогодени од земјотресите.