Крушевската корија најубава во есен на Сотир Габелоски е изборот за фотографија на неделата на „Нова Македонија“.
– Фотографијата е направена на патот кон манастирот „Св. Преображение“ и ски-терените и токму овој дел прикажан на истата е највпечатлив во есен заради пожолтените лисја кои го обиколуваат патот – вели авторот.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.