Македонија го совлада Израел со 38-37 на подготвителниот турнир „Кроација куп“ во Пореч, во последниот меч пред Светското првенство во Шведска и во Полска.
„Црвено-жолтите“ имаа највисока предност од седум гола во 20-та минута, додека Израел пропушти напад со ракометар повеќе за изедначување во завршницата од мечот.
Во првиот дуел на турнирот Македонија вчера загуби од домаќинот Хрватска со 34-40, со што е забележлива ефикасната игра во нападот.
Дејан Манасков вечерва беше најефикасен со 11 гола од исто толку удари, додека Филип Кузмановски постигна шест погодоци.
Националната селекција на „Кроација куп“ настапи без Филип Талески и Никола Митревски кои останаа во Скопје.
Македонија на Мундијалот е во група со Норвешка, Холандија и со Аргентина. Во првиот натпревар ќе се сретне со Норвешка в петок.