Фото: Царинска управа на Хрватска

Македонски државјанин е фатен при обидот да внесе 9,7 литри ракија и над 10 илјади кутии цигари во Хрватска, објави хрватската Царинска управа на својата веб-страница.

Цигарите и ракијата биле пронајдени во просторот на резервното тркало при детален преглед на неговото возило на граничниот премин „Товарник“, како што соопшти хрватската царина.

Откриената стока е запленета, а македонскиот државјанин треба да плати парична казна од 13.272 евра.

Фото: Царинска управа на Хрватска