Фото: Илустрација/З.А.

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека воздухот во Кичево е загаден и дека е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички до 10 микрометри во текот на претходните два дена.

– Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 микрограми на метар кубен во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мернoто место во Кичево – се вели во соопштението на МЖСПП.

Во табелата, прикажани се среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Кичево
02/01/2023 162.07
03/01/2023 160.04

*концентрациите се изразени во микрограми на метар кубен

Од МЖСПП посочуваат дека испратена е информација до Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за животна средина, Секторот за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институтот за јавно здравје и до Општина Кичево.