Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека неговата средба „еден на еден“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски испраќа порака до рускиот претседател Владимир Путин дека САД и Украина се обединети.
– Беше многу важно Путин и сите други да видат дека претседателот Зеленски и јас сме обединети, дека двете земји стојат заедно, за да се уверат дека тој не може да успее – рече Бајден, според Си-ен-ен.
Бајден вчера официјално објави дека САД ќе испратат дополнителен пакет помош од 1,8 милијарди долари за Украина, во кој ќе биде вклучен и ракетниот одбранбен систем Патриот.