Фото: Фејсбук / Бенџамин Нетанјаху

Израелскиот премиер со најдолг стаж Бенјамин Нетанјаху, изјави дека обезбедил договор за формирање нова влада по неколкунеделни неочекувано тешки преговори со верските и екстремно десничарските коалициски партнери.

„Успеав“, напиша Нетанјаху синоќа на Твитер, неколку минути пред крајниот рок на полноќ што го постави израелскиот претседател Исак Херцог.

Портпаролот на Херцог потврди дека е примено известувањето на Нетанјаху.

– Благодарaм на огромната јавна поддршка што ја добивме на последните избори, успеав да направам влада која ќе работи за доброто на сите израелски граѓани – напиша подоцна Нетанјаху

Нетанјаху, лидерот на партијата Ликуд и поранешен премиер, и неговиот десничарски блок на изборите освоија 64 места, мнозинство од 120, а тој го доби мандатот да ја формира новата израелска влада.