Шпански државјанин, со привремено живеалиште во Охрид со фалсификување и уништување деловни книги во период од пет месеци се стекнал со околу 800.000 денари.
СВР Охрид денеска соопшти дека поднесена била кривична пријава против А.Г.Р.(43) од Шпанија, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.
– Тој, од еден правен субјект во Охрид одзел деловна книга за евиденција, ја пополнил со лажни податоци како да бил вработен во друг правен субјект во периодот од 26 февруари до 21 јули 2021 година, ги фалсификувал пресметките за плата во износ од 799.452 денари и ги заверил со сопствен потпис – појани портпаролот Стефан Димоски.