Извидничка патрола на ЕУЛЕКС била нападната со шок-бомба кај Рудар на северот на Косово, а во нападот нема повредени и нема материјална штета, соопштија од таа мисија и ги повикаа одговорните да се воздржат од провокативни дејствија, а косовските институции да ги изведат сторителите пред лицето на правдата, јави Бета.
– Силно ги осудуваме насилните акти извршени од вооружени лица на северот на Косово, вклучително и против меѓународната заедница – соопшти мисијата на ЕУЛЕКС во врска со нападот што се случи синоќа.
Како што се наведува во соопштението, ЕУЛЕКС ќе продолжи да работи со одлучност за да ја поддржи стабилноста на Косово, во рамките на својот мандат, и да придонесе за безбедноста на населението од сите заедници.