Текстописецот и мултиинструменталист, Иван Кукиќ го објави својот дебисингл „Балада о једној љубави“ („Балада за една љубов“) со кој ја започнува својата соло кариера. Тој е постојан член на триото Влатко Стефановски, каде свири бас-гитара, како дел од младата ритам секција која беше многу пофалена на нивниот последен албум „Taftalidze Shuffle“.
Иван студира музичка продукција и дизајн на звук и свири на дури 6 инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти. Покрај тоа, тој, исто така, компонира, аранжира и пее.
– Мојот живот е музика, а музиката прави чуда. Затоа ја сакам, и од кога се сеќавам, никогаш не размислував за тоа што ќе бидам во животот и дали би се занимавал со нешто друго освен со музиката. Снимањето на оваа песна беше прекрасно дружење. Сите сме задоволни и верувам дека публиката ќе го препознае тоа – изјави музичар, кој го подготвува и својот албум за пролетта 2023 година.
На албумот ќе се најдат инструментални и вокални теми, испеани на српски/ хрватски и македонски јазик.
Музиката за „Балада за една љубов“ ја напиша Иван, текстот е на Стефан Илиќ, а заедно се погрижија за аранжманот на песната. Ѓорѓи Вацев и Георги Концалиев се заслужни за видеото во кое главниот лик е Кукиќ, а покрај Иван, во него учествуваат и Елена Донева и Љубомир Митровски.
Иако е многу млад, овој вљубеник во музиката веќе свирел низ регионот, но и на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и турнеја низ Франција.