Светското првенство во фудбал не е единствен приоритет на Катар
Катар ќе стане глобална гасна сила со инвестирањето во „стотици бродови“, кои можат да транспортираат течен природен гас (ЛНГ). Ова го обелодени во јавноста катарскиот министер за енергетика, за време на светското фудбалско првенство. Имено, земјата што ги изгради најсовремените и најубави фудбалски храмови во светот, сега е во процес на изградба на „најголемата флота на бродови во светот“ за извоз на ЛНГ. Оваа информација ја потврди за германскиот весник „Билд“ Саад Шерида ал Кааби, кој е и претседател и извршен директор на „Катар енерџи“. Во флотата што моментално се гради во Кина и во Јужна Кореја се инвестирани