Руското Министерство за правда го вклучи сопственикот на „Фејсбук“ и американската компанија „Мета“ платформи, во својот регистар на екстремистички организации, објавија медиумите.
Рускиот суд на почетокот на годинава пресуди дека компанијата „Мета“ платформи учествувала во „екстремистички активности“, потсети Ројтерс.
Русија го ограничи пристапот до „Фејсбук“ и „Инстаграм“ како дел од кампањата против западните платформи на социјалните медиуми.