Фото: Маја Јаневска-Илиева

Граѓаните кои што се топлат со парно треба да Договор за снабдување со топлинска енергија со ЕСМ Снабдување, на три пункта во Скопје – кај Олимписки базен, во Аеродром и во Тафталиџе. Договорите за топлинска енергија треба да ги потпише сопственикот на имотот кој се топли со градско парно. Но што доколку тој не е во можност, не е во земјава, не е жив, или нема завршена оставинска постапка за имотот?

Склучени 4.100 договори

-ЕСМ Снабдување со топлина засилено работи на изнаоѓање поедноставени начини за склучување договори со потрошувачите, со кои тие ќе се префрлат од претходниот снабдувач со топлинска енергија на сегашниот, ЕСМ Снабдување. Заклучно со 22 октомври, односно со вчера, склучени се околу 4.100 Договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите. Во изминатата недела потрошувачите склучуваа договори само преку директно пристапување кон пунктовите каде документите се пополнуваа и потпишуваа. Од сабота (22 октомври), Договорот е поставен на интернет страницата на АД ЕСМ и на нашите официјални канали на социјалните мрежи, од каде потрошувачите ќе можат да го симнат, да го испечатат и да го пополнат. Два пополнети примероци од договорот потрошувачот ќе однесе во еден од пунктовите, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. На овој начин ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна дома. Договорот треба да го поднесе лично потрошувачот на чие име се води сопственоста на станбениот простор во објектот – велат од ЕСМ Снабдување.

Договорот за парно поставен на веб-страницата на ЕСМ

Што ако сопственикот не може да го потпише договорот?

Доколку сопственикот на имотот не е во можност лично да дојде во наплатниот пункт, може да ополномошти друго лице, кое во негово име ќе го потпише потребниот договор.

-Потрошувачите кои нема да ги склучат договорите на овој начин, можат да договорат термин соодветен за потрошувачите за склучување на договорот, на електронската адреса на компанијата [email protected]. Напоменуваме дека ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за регулирање на обврската, и дека доколку од различни причини потрошувачите не успеат да склучат нов договор до крајот на месецот, греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена и граѓаните треба да бидат спокојни-парно ќе имаат сите – велат од компанијата.

Што ако сопственикот е починат?

Ако сопственикот на недвижниот имот е починат и сеуште не се регулирани имотно правните односи и не е спроведена наследна постапка, лицата кои би биле законски наследници имаат можност да достават документ Умреница, да пополнат и поднесат формулар Барање за промена на потрошувач до Снабдувачот кој се наоѓа во Наплатните Пунктови како и Барање со Изјава за регулирање на потрошувачкиот однос.

-Тоа е со цел да биде запишан како корисник на услугата снабдување со топлинска енергија, се до правно регулирање на сопственоста на предметниот имот, за што потребно е да склучи Договор во еден од наплатните центри – велат од ЕСМ Снабдување.

Н.Б.З.