Јувентус се вклучи во трката за трансфер на голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Геа.
Според англиските медиуми Де Геа е алката која недостасува за италијанскиот клуб да завладее со Европа.
Во моментов мрежата на голот на италијанскиот шампион ја чуваат полскиот голман Војчек Шчесни и младиот Италијанец, Матија Перин.
Де Геа пред неколку дена одлично бранеше на натпреварот меѓу Јунајтед и Јувентус, а во клубот од Торино на него гледаат како на наследник на Џанлуиџи Буфон.