Претставници на организацијата на Македонците од Бугарија, ОМО „Илинден“ – Пирин денеска на повеќе локации го одбележа одбележан денот на Македонското (Кресненско) Востание.
На Фејсбук профилот на организацијата информираат дека во 10 часот во градот Кресна, пред споменикот на Димитар Поп-Георгиев Беровски, говор одржал Стојко Стојков.
-Се оддаде почит со полагање венци, свежо цвеќе, паѓање на колена и едноминутно молчење. Во 11 часот во село Стара Кресна, пред споменикот на востанието говори одржаа Кирил Тилев од ОМО Илинден, како и Даринка Тапанска од ОМО Илинден – Пирин. Во 12 часот во село Оштава се одржа панихида за загинатите во ова македонско востание – се вели во соопштението од ОМО „Илинден“ – Пирин.
Оттаму велат дека чествувањето и свеченоста продолжило со македонски песни и другарување помеѓу сите македонски организации заедно.