Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева денеска ги повика светските креатори на политики да спречат неконтролирана инфлација во време на глобални економски превирања.
Таа нагласи дека светската економија е „погодена од еден шок по друг“, пандемијата на коронавирус, руската инвазија врз Украина и повторен раст на инфлацијата, додавајќи дека ограничувањето на порастот на цените треба да биде приоритет.
– Ако не ја вратиме ценовната стабилност, ќе ги поткопаме изгледите за раст. Не можеме да дозволиме инфлацијата да стане здивен воз, тоа е лошо за растот, лошо за луѓето, особено за сиромашните – рече Георгиева.
Федералните резерви на САД и другите централни банки ги зголемуваат каматните стапки во последните месеци за да ја ограничат инфлацијата.
Георгиева рече дека повисоките трошоци за задолжување ќе го забават економскиот раст, но ги повика креаторите на политиката да покажат воздржаност во трошењето. Таа предупреди дека поделбата на светската економија на ривалски политички блокови може да спречи ограничување на инфлацијата.