Фото: Зоран Антоски

Со пригодна свеченост и со присуство на делегации од Здруженијата на Сојузот на борците од Кичево и Горна Дебрца, Здружението на пензионери од Кичево, резервни воени старешини, извидници од Кичево и претставници на МЗ од село Кленоец, беше одбележана 79-годишнината од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се случила во земјава.т.н.„ Македонска Кадињача“.

Во битката кај Кленоец животот го положиле 67 борци меѓу кои и народниот херој Јосиф Јосифоски-Свештарот и триесетина жители од регионот и оваа битка засекогаш ќе биде запаметена како една од најкрвавите што се случиле во тоа време.

– Битката кај Кленоец од 6-ти Октомври 1943 година е денот за кој вечно ќе кажуваме за подвизите на патриотите за јунаците, кои несебично ги дадоа своите животи за слобода на татковината. Наша задача е да ги поттикнуваме и потсетуваме сегашните и идни генерации да не го заборават овој ден и ова култно мести и секогаш да им оддаваат почит на оние кои со својата храброст ја пишуваа нашата бурна историја – рече Владо Дејаноски, претседател на Здружението на Сојузот на борците од Кичево.

З.А