Пратеникот на папата, кардиналот Конрад Крајевски, вчера бил нападнат додека доставувал хуманитарна помош во име на поглаварот на Католичка црква во близина на украинскиот град Запорожј – објави „Ватикан њуз“.
Кога завршиле со достава на помош за локалните жители, било пукано врз кардиналот Крајевски и неговата придружба.
Во инцидентот никој не е повреден.
Тоа е четврта посета на полскиот кардинал на Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Тој прво ја посети Одеса, а потоа и Запорожје, а предвидено беше да го посети и Харков.