Кој и зошто им ја потценува интелигенцијата на македонските граѓани

Ристо Белин: Нешто ве чуди? Не ви е јасно дека е така. Погледнете ја статистиката, каква беше Македонија во 1990-та и каде е денес. Додека другите држави се развиваат и одат напред во секој поглед, Македонија е вратена назад.

***

Слободанка Камчева: Кога ги споредувам светските лидери од минатото и денешнове белосветски лидери, очигледно IQ на светско ниво е со надолен тренд. Зависи и кои критериуми и вредности се опфатени. Највисоко рангирани се земјите каде посебно се вреднува и регистрира креативноста/ нови пронајдоци, развој на електроника. И да не не чуди, во Македонија најмалку се вршело и се врши тестирање, значи немаме искуство со тестирање. Перманентно образование не е критериум за напредување во кариерата.


Јотова: Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари

Трајче Солуноски: Каде живеат тие македонски Бугари? Во која држава? Кој народ живее во таа држава? На кој јазик зборува тој народ? Дали тие жители ги признавате? Дали им го признавате нивниот јазик? Дали овие прашања се дефинирани во ЕУ?
Логично е од тие што барате да признаат нешто што барате да ги признаете. Во спротивно нема логика нешто што не постои (не го признавате) да носи одлука за некој да постои.

***

Спасијка Голчева: Јотова сака гаранции за Бугарите во Македонија.
Дали ги прави ненормални Македонците во Бугарија, кои јавно си ги бараат правата, ама бугарската влада не ги става ни под точка разно нивните барања.
Ова прашање би требало да се реши само со РЕЦИПРОЦИТЕТ.


САД одбележуваат 21 година од нападите на 11 септември

Ангел Иванов: На 11 Септрмври, во 1 ден загинаа 3.000 луѓе. Никој тоа не го споменува. Беше убиен и председател на државата истиот 11 септември. Никој тоа не го споменува. Салвадор Аљенде во Сантјаго де Чиле. Зошто тие 3.000 жртви се ништожни според Њујоршките?


Професорот Саво Климовски не го помина комисискиот филтер за уставен судија

Филип Чавдаревски: Еден таков еминентен професор по уставно право како Саво Климовски не го поминал филтерот за уставен судија, па после се чудиме на кое дереџе е државата. Распад систем.