Кога зборуваме за историјата на Балканот и на балканските народи, веројатно има толку вистини (толкувања на настаните) колку и народи, ако не и повеќе. Процесот на помирување на различните истории на Балканот се наоѓа токму на почетокот и веднаш наидува на пречки. За Македонците, за жал, најстрашен е неукиот и сервилен однос, не само на македонските политичари туку и на македонските историчари актуелните македонски „експерти“ на заедничката Мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, токму оние кои треба и од кои се очекува да ја промовираат историската вистина, смета академик Љупчо Коцарев.
Aнализата на претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев прочитајте ја во утрешниот број на „Нова Македонија“.