Свињарска фарма во штипското село Долани изгоре во пожар.
Десет пожарникари со три возила го гаснеле пожарот што се случил синоќа во 21.30 часот, како што информира за МИА командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев.
Настрадале околу 100 прасиња, но при интервенцијата спасени се осум свињи и уште околу 100 прасиња.
Не е позната причината за пожарот, со што надлежните ќе излезат на терен да утврдат како настанал.