Како и да е, деновиве очекуваме уште дузина месијански упади од Европа, ама во меѓувреме треба да си го потсредиме буништето. Како скопските улици и населби. Не бива, срамота е, луѓе, нема никаков ред. Еве, пред некој ден ми се жалат двајца од „пластичарска“ улица. Ми велат, а бе почнаа да ни шетаат железарци по улицата, тропаат со шрафови по џебови, ѕвечкаат со шипки во зглобови, не е нормално. Одиме ли ние од „пластичарска“ во Железара да ги провоцираме…
Се сеќавате какви нецивилизирани и небањати вмровски сељачишта беа сдсмјаните? Типично неандерталци и хулигани. Се шетаа по „шарени револуции“ и правеа варварски срања. Носеа качулки на главите. Вандализираа институции. Маваа џандари со бекатон и запалени контејнери. Најдалеку отиде оној нецивилизиран вмрон Зоќи кога пробиваше полициски кордон. Им пишував тогаш, а бе не ѝ прилега на земја аспирант за евроатлантски интеграции вака да се однесува, ама не само што не ме послушаа туку лом го направија градот. Да, да, цело вмровско СДСМ беше тогаш распослано по улици и дивееја како вчера да ги пуштиле од ланец.
Е, ама потоа Зоќи го залапа пенкалото на Столтенберг. Груби облече патика од 700 евра, што сама оди седум милји преку планини, реки и европски поглавја. Таче го откри Харвард или беше Оксфорд, ама како и да е, стана Хари Потер. Маричиќ почна да прави разлика помеѓу бифтек и хајтек, рамстек, „Рамштајн“ и „Рамстор“. Забрчанец стави униформа на француска собарка и фати да расчистува вергини, националисти и русјаци. Мистерија е дали русјаци се припадници на нецивилизирано племе Русјакови или жители на селото Русјаци, Македонски Брод. А пред тоа сите заедно брусеа шахти, инаку древен западноевропски ритуал на иницијација и илуминација со „повисоките од горе“. Се цивилизираа луѓето. Така е кога ќе те хачат на „Хари Труман“. Веднаш природно ти доаѓа да везеш фибоначиеви низи и отвораш економски ерогени зони на венерини брегови. Патем, станаа нордистанци и новото име почна да им ги плаќа сметките. А ха, сега на туѓа сметка шетаат по белиот свет, ждерат и прдат демократија и европски цивилизациски вредности. Затоа, нормално е да им се гади од Македонци на протест што ги потсетуваат какви небањати вмровци биле и самите.
А кога ќе се допреш до европски вредности, природно ти доаѓа да стекнеш пророчки способности. Нордистан станува библиска земја. Вистински старозаветен протекторат. Врие пророци. Ги има по тројца на квадратен метар во Влада.
Рече ли пророкот Бујар дека ќе има етнички немири? Не поминаа ни 24 часа и ете ги. Исаија не му е рамен. Рече ли пророкот Таче дека ќе има насилство на протестите? Рече наутро, а вечерта би насилство. Прав Еремија. Се јави ли пророкот Оливер да ни каже дека ќе има молотови коктели? Тие коктели уште не сме ги виделе, ама одамна е познато дека во пророкот Оливер се имаат вооплотено Елисеј, Илија и Даниил, заедно. А сите владини пророци се ученици на хиперпророкот Зоќи, поголем од Мојсеј, Јода и Кастриот Две Срца. Рече ли тој дека добивме датум? Е па, од авион се виде датумот.
Во земја на пророци најчесто доаѓаат месии. Така е деновиве и со Нордистан. Врие месии од небесното царство на ЕУ. Едни доаѓаат лично, други ни праќаат месијански пораки. Прво дојде оној Жан Мишел… Жар? Не. Жан Мишел… Обама, Платини… не. Жан Мишел Жан Клод Ван Жан Валжан… или нешто слично и месијанско како што му прилега на човек што се облекува во креации на Гандалф и Нада Топчагиќ. Тој ни ја пренесе пораката за шејпшифтеринг од нордистанец во Бугарин кон Европеец.
По него се јавија и другите европски месии. Како оној Сара… Сарацински? Не. Сараценот Сара Бернар… не, бре. Срцуленцето Сарацино… Квентин Сарацино… не… Фан Сранциско… не, тоа беше град. Не е битно, нешто на С што имаше некаква сличност со Сарацените. И тој ни прати месијански поздрав. Додуша малку и се закани, ама така треба со непросветлена пониска раса што сака да стане европска ариевска приказна. Ни кажа дека патот до пантеонот на боговите води преку бугарската администрација, само што ние тоа не сме го сконтале во 1941 година. По него се јавија Руте и Ван Хауте. Тие секогаш одат во рима. Како Ерос и Танатос, кои не се во рима, ама без нив не се може. Тие ни рекоа дека ова е последниот воз за нас кон Европа. Следниот веројатно ќе биде за Москва. Сакав да ги прашам дали ќе има парно кога возот за Европа ќе заглави в снег, ама месии не се вознемируваат со прашања.
Како и да е, деновиве очекуваме уште дузина месијански упади од Европа, ама во меѓувреме треба да си го потсредиме буништето. Како скопските улици и населби.
Не бива, срамота е, луѓе, нема никаков ред. Еве, пред некој ден ми се жалат двајца од „пластичарска“ улица. Ми велат, а бе почнаа да ни шетаат железарци по улицата, тропаат со шрафови по џебови, ѕвечкаат со шипки во зглобови, не е нормално. Одиме ли ние од „пластичарска“ во Железара да ги провоцираме со песни од типот „Ја носим пластично одело, и пластика је моја храна, можда сам пластичан и ја“. Стварно мора да се има некој ред. Ај сега да пуштиме Евреи по велосипедски патеки. А кај се мешаат Евреи и велосипедисти, веднаш се појавуваат европски администратори што отвораат месни заед… не, гасни заедници. Значи, глупо е Евреи да провоцираат по велосипедски патеки, јасно ли ви е?
Не може низ Кисела Вода да ми шеташ со шише обична вода, провоцираш, бе брат! На што ќе личи ако „Ноќни волци“ почнат да возат низ Лисиче или Кучково. Ене им го Волково, таму нека турираат. Вчера гледам еден Американец како се шлае по „Мексичка“. Ало, гринго, му се развикав, марш на „Рузвелтова“, не ти е ова „Џон Кенеди“. Глупо е фашистине од влада да возат по булевар „Партизански одреди“. Или сменете име на булеварот или фатете си друга рута. Или Руте. Еве, јас имам поетско име за „Партизанска“. „Булевар ЕУгена зона“. Па, возиш од француски бакнежи до бугарски оргазам. А ние ваму, сè сме измешале. Не личи Бугари на булевар „Србија“. Или прогресивци во хотел „Русија“. Сакаме ние европски вредности или не сакаме? Што е следно? Бени од „Нонстоп“ свири со „Некст тајм“?
Цинизам настрана, Македонија се гневи и обединува, а јас се радувам и тагувам. Ме радува што Македонците конечно покажаа свест и храброст за да го одбранат своето и себеси од нацистичкиот идентитетски геноцид што им виси над глава.
Ама ова мораше да се случи уште кога САД и Европската Унија својот нацизам спрема Македонците почнаа да го шират преку Грција. Малку задоцнивме, тоа ме растажува. Ако не дозволевме нацистите да ни го сменат името, до ова немаше да дојде. Но никогаш не е доцна. Македонизмот е форма на битисување, концепт полн вековна суштина што низ времето, разни лудаци се обидувале да го збришат како постоење. Од империјалистите во 1913-та, преку нацистите во 1941-та, па до ова нацистичко империјалистичко мутирано зомби што од Брисел и Вашингтон, среде 21 век, нè силува. Не им успеало тогаш. Ниту сега ќе им успее. Сеедно што наскоро ќе почне да им тече хистерична пена од устите, па ќе се фатат за своите „балкански методи“ како врвни европски вредности. Затоа, не плаши се, мало стадо, држи ја главата во пеколот и не очајувај!