Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8% од домаќинствата ќе се зголеми во просек за 7,4 %.
– Без блок-тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории – изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија, посочи Бислимоски.
СМЕТКИ ЗИМА
- 59,9% ќе имаат покачување од 6,6%
- 35,5% ќе имаат покачување од 6,7% до 8,8%
- 3,4% ќе имаат покачување од 8,8% до 11,2%
- 1,2% ќе имаат покачување од 11,4% до 99,5%
СМЕТКИ ЛЕТО
- 77,2% ќе имаат 6,7% покачување
- 21,8% ќе имаат покачување од од 6,7% до 8,8%
- 0,7% ќе имаат покачување од 8,8% до 11,3%
- 0,2% ќе имаат покачување од (11,4% до 100%)
Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%, се вели во соопштението од Регулаторна.