Фото: Архива на „Нова Македонија“

На јавниот повик за продажба на парцелите во индустриската зона „Жабени“ што го распиша Општина Битола се пријавија вкупно 11 заинтересирани кои купија градежни парцели.
Од продажбата на 11-те парцели јавното претпријатие „Жабени“ треба да инкасира средства со кои ќе може конечно да се одблокира.
Инаку парцелите кои се продадени на јавниот повик се оние кои пред неколку години ги имаа купено некои инвеститори, кои не почнаа со градба, па општината мораше да им ги одземе.
Општината продаде и две парцели на Новачки пат и една во АРМ.
Од продажбата на овие парцели локалната самоупрва треба да инкасира 12.687,069 денари.
М.М.