Фото: МИА

Јас не сум во кампусот на песимистите и сметам дека до крајот на месецот ќе се најде решение за спорот со Бугарија и ќе има епилог во прилог на мирот, стабилноста и иднината, истакна вечерва на прес-конференција претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети.

– Сега овој процес го олеснува претседателот Макрон. Јас верувам многу во иднината и затоа и верувам во решение на крај на јуни, затоа што има значајна ангажираност на нашите пријатели и сојузници и затоа верувам во нивната определба и олеснувањето кое што претседателот Макрон го презема врз себе за Балканот да биде посигурен, побезбеден, помирен, бидејќи доволно е да оставиме вакуум или отворени и нерешливи теми или пак да ги одолговлекуваме проблемите за да имаме секакви искри тука – рече Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање по објавата на резултатите од изборите во партиските ограноци.

Ахмети потенцира дека тие се за решавање на проблемите и смета дека и за Бугарија е добро да се најде решение.

– Цел на нашето делување како политичка партија, но и секојдневното комуницирање што го имаме со нашите коалициски партнери и со опозициските партнери, велиме дека сега е моментот и сега треба да најдеме решение и треба да демонстрираме храброст,  но за добро и на нашата држава но и на Бугарија е ова прашање и овој елипог да биде позитивен – рече тој.


ДУИ избра претседатели и членови на локалните совети во 10 ограноци

Демократската унија за интеграција денеска организираше директни партиски избори во 10 партиски ограноци за претседатели и членови на претседателството на ограноците, како и за претседатели и членови на локалните совети.

Претседателот да ДУИ Али Ахмето на прес-конференција од партиското седиште во Тетово информираше дела се избрани претседатели и членови на локалните совети во ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино. На изборите биле пријавени 10.423 членови во 10 ограноци на ДУИ, од кои гласале 75 отсто.

– Овој ден е многу важен за ДУИ. Следните две децении ДУИ ги започнавме со водење на целосно демократски процес со непосредни избори и овој процес нема да застане тука, туку ќе продолжи и во другите ограноци, правејќи ја ДУИ и нејзините граѓани уште посилни и подемократски, поодговорни со единствена цел за да бидеме на граѓаните, за граѓаните и со граѓаните – рече Ахмети.

Во огранокот во Боговиње за претседател е избран Бесник Емшиу, во Брвеница – Еркин Јахи, Чашка – Нафи Дурмиши, Долнени – Џемил Ќамили, Гостивар- валдет Џафери, Студеничани – Ејуп Абази, Теарце Нухи Незири, Тетово – Фатон Ахмети, Врапчиште – Неби Реџепи и во Желино е избран Емир Сулејмани.