Во петок, на 19 октомври 2018, со почеток во 10.30 часот, во ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе се одржи прва јавна презентација и тркалезна маса посветена на националното и Европско законодавство и политики поврзани со фрлање храна, вишоци храна, сигурност и безбедност.
Настанот цели да иницира дебата за тоа дали земјата има потреба од закон против фрлање храна или промена на постоечките закони за да се да се намали фрлањето храна и гладот кај нас.
Настанот се случува по енергична дебата и акција против фрлањето храна во регионот, Европска унија и особено во земјата. Настанот има за цел да им понуди на носителите на одлуки, креаторите на политики, бизнисите и граѓанските организации релевантни и апликативни примери, заклучоци и практики кои можат да бидат употребени за да се подобри законската регулатива во земјата посветена на фрлање и донирање храна.
За прв пат во регионот, и тоа токму тука во Македонија ќе ни биде гостинка Ангела Фриго, Генералeн Секретар на Европската Федерација на Банки за Храна – ФЕБА најголемата Светска мрежа на Банки за храна, воедно и тим лидер на ЕУ работната група која работи токму на оваа тема во Европскиот Парламент, но и лидер на групата која го донесе Законот во Италија на темата не фрлање – донирање на вишоците храна.
Јавната презентација и тркалезната маса се организираат во рамки на ВСС ефект (WSS
Effect) проектот. ВСС ефект проект е финансиран од Европска унија и се имплементира
од Здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“, Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ – Словенска Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА). Правната анализа која ќе биде презентирана на настанот беше спроведена од Македонско Здружение на млади правници (МИЛА). Општа цел на проектот е да придонесе во процесот на воспоставување на подобра правна рамка која ќе поттикне помалку фрлање храна и помалку глад во земјата.