Телото на младиот маж кое во средата околу 9:20 часот исплива кај Ада Хуја му припаѓа на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, потврди обдукцијата, дознава Танјуг.
Според неофицијални информации, резултатите од токсиколошката анализа ќе бидат готови за дваесетина дена.
Како што наведуваат белградските медиуми, според првите информации по обдукцијата, причина за смртта е давење.
Периш исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември минатата година во Белград. Тој истрчал од клубот „Готик“, трчал низ белградските улици обидувајќи се да запре такси, а потоа, како што се виде на снимките од надзорните камери, се спуштил по скалите кон Сава. Интензивната потрага по исчезнатиот Периш траеше цело време.