Соборот на Српската православна црква (СПЦ) објави дека на 19 мај, задутре, во Белград ќе се случи првата литургија на сослужување меѓу СПЦ и МПЦ-ОА. Ќе учествуваат сите владици на МПЦ-ОА со Архиепископот Стефан, сите владици на СПЦ со патријархот Порфириј.
Литургија ќе биде во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград.
-Со неа ќе се воспостави литургиско и канонско причестување на двете сестрински Цркви согласно одлуката на Светиот Архиерејски Собор на СПЦ. Го повикуваме верниот народ на главниот град Белград да земе молитвено учество на овој единствен и радосен настан – објави СПЦ.
На таа литургија ќе служи и Јован Вранишковски, кој е дел од Соборот на СПЦ.
Од МПЦ-ОА досега нема никаква информација за заедничката литургија.