Српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан ќе служат литургија за помирување на 19 мај во храмот Свети Сава во Белград, јавија српските медиуми. Медиумите во Србија ја пренесуваат објавата на Танјуг, за кој оваа информација ја дале извори од српската Патријаршија, наведувајќи дека литургијата ќе почне во девет часот, а ќе сослужуваат сите архиереи на двете цркви.
Патријархот Порфириј, како што наведуваат, српските медиуми, го повикал верниот народ во што е можно поголем број да присуствува на архиерејската литургија.
Од МПЦ-ОА нема информација дека на 19 мај ќе се одржи заедничката литругија. Извори оттаму велат дека Светиот синод деновиве ќе заседава и ќе се произнесе за вчерашната одлуката на СПЦ и за сите останати прашања.
СЦП и понуди на МПЦ-ОА автономен статус: Што значи тоа и што ќе одлучат македонските владици?
Од МПЦ-ОА за МИА на прашањето дали портаролот на црквата, владиката Тимотеј, вчера бил на состанок во Белград, каде се одржува Саборот на СПЦ, како што објави денеска српски „Данас“, изјавија дека најверојатно таа информација не е точна и напомненаа дека митрополитот дебарско-кичевски до 14 часот бил во митрополијата во Охрид.
„Нова Македонија“ се обиде да стапи во контакт со владиката Тимотеј, но тој не одговари ниту на телефонските повици, ниту на СМС-пораката.
СПЦ ни прати нов тројански коњ – го побаравме ли?
Саборот на Српската православна црква вчера се изјасни за автономен статус за Македонската православна црква-Охридска Архиепископија од 1959 година, и сеправославен консензус за евентуална идна нејзина автокефалност, по одлуката на Вселенската патријаршија со која призна канонски статус на МПЦ-ОА. Српските владици тврдат дека на ова се согласила и МПЦ-ОА со писмо испратено до СПЦ, за што од МПЦ-ОА сè уште се молчи.