Украина работи на следните фази од хуманитарната операција во челичарницата Азовстал во Мариупол, објави на Фејсбук Ирина Верешчук, вицепремиер – министер за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина.
„Азовстал: Хуманитарната операција е во тек. За да се спасат животи, вчера беа евакуирани 52 тешко ранети украински војници. Откако ќе се стабилизира нивната здравствена состојба, ќе ги размениме за руски воени заробеници“, напиша Верешчук.
„Работиме на следните фази од хуманитарната операција. Дај Боже, се ќе биде добро“, додаде таа.
Како што е соопштено, евакуацијата на украинските бранители од челичарницата Азовстал во Мариупол започна на 16 мај.
Педесет и тројца тешко ранети војници се пренесени во медицинска установа во Новоазовск. Други 211 бранители беа евакуирани преку хуманитарниот коридор до Оленивка, а потоа вратени на територијата под контрола на Украина преку процедурата за размена.
Eвакуирани ранетите украински војници од челичарницата Азовстал