Бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата на ковид-19 во САД денеска се искачи на еден милион, помалку од две и пол години од почетокот на пандемијата.
Бројот на починати е утврден врз основа на посмртници од Центарот за здравствена статистика на Американскиот центар за контрола и превенција на болести.
Се проценува дека вистинскиот број на директни или индиректни смртни случаи од ковид-19 е многу поголем, поради нарушувања во здравствениот систем. Пред три месеци, вкупно во САД имаше вкупно 900.000 починати од ковид-19.
Во моментов, просечната дневна смртност од коронавирус во САД е околу 300, додека за време на врвот во јануари 2021 година, таа изнесуваше околу 3.400 смртни случаи дневно.
Три четвртини од починатите имале 65 или повеќе години, и повеќе се мажи отколку жени. Најмногу луѓе починале во урбаните средини.