Од понеделник 15 октомври и официјално почнува . Како што информираат од компанијата „Балкан енерџи груп“, граѓаните и правните субјекти што се поврзани на топлификациската мрежа ќе почнат да добиваат топлинска енергија до 15 април наредната година, до кога трае регулираниот период за редовна испорака на топлинска енергија.
Она што е карактеристично за овој период е дека испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила и дијаграми во регулативата за испорака на топлинска енергија, а во зависност од надворешните температури. Ако надворешните температури се пониски, во текот на регулираниот период се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците во своите домови треба да имаат температури не пониски од 20+1 степен Целзиусов. При одредени атмосферски услови на доволно топло време, кога не е потребно никакво греење, правилата наложуваат прекин во испораката на топлинска енергија. Штом надворешните температури ќе се намалат под определените вредности, греењето повторно се вклучува.
Од БЕГ сметаат дека како резултат на континуираната модернизација на системот за централно греење, квалитетот на услугата е значително подобрен. Потрошувачите имаат и дополнителна поддршка преку услугата „Мој сервис“. Стручните екипи на „Мој сервис“ досега направиле повеќе од 4.000 интервенции. Најчести се приклучувања кон системот за централно греење, замена на грејни тела, интервенција на вертикалната инсталација во зградите, интервенција во орманче, прочистување и увид во внатрешната инсталација.
За сите детали за испораката на топлинска енергија, потрошувачите може да се информираат на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk (Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија Прилог 3), или да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02 3076 200 и на 075 400 100 или преку е-пошта на: [email protected]. С.Р.