Можеби сте слушнале дека вежбите за сила најмногу имаат корист за здравјето на вашите мускули и скелетот, но тие можат да имаат уште две големи придобивки: да ви помогнат да спречите болести и да живеете подолго. Новата студија објавена во Британскиот весник за спортска медицина открива колку време е потребно да потрошите на вежбање.
Во споредба со луѓето што не правеле активности за зајакнување на мускулите, оние што правеле од 30 до 60 минути тренинг со отпор, тренинзи за сила или вежбање со тегови имале 10-20 проценти помал ризик од рана смрт од сите причини и од срцеви заболувања, дијабетес или рак, открија авторите на студијата.
Според Американскиот колеџ за спортска медицина, овие типови на вежби се дизајнирани да ја подобрат мускулната кондиција со вежбање на мускулите против надворешен отпор. Комбинирањето на 30 до 60 минути тренинг за сила со колкава било аеробна активност ја зголемува корисноста, што резултира со 40 отсто помал ризик од прерана смрт, 46 отсто помала инциденца на срцеви заболувања и 28 отсто помали шанси за смрт од рак. Истражувањето е исто така првото што ги испитува долгорочните врски помеѓу активностите за зајакнување на мускулите и ризикот од дијабетес.