Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјавил дека физичкото казнување може да биде полезно за воспитувањето на децата.
Како што пренесуваат западните медиуми, Лукашенко нагласил дека лично е против физичкото казнување на децата, но дека „некогаш тепањето со каиш може да биде корисно за детето“.
Белорускиот претседател навел дека често го казнувал постариот син, а тоа била добра лекција и за помладиот.
Тој на новинарите им соопштил дека е потребно уште да се работи на законот со кој ќе се криминализира насилството во семејството.
Лукашенко смета дека Белорусите треба да се придржуваат до својата традиција, а не да преземаат „бесмислици од Западот“.