Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на ковид-19: Скопје – 149, Битола – 36, Прилеп – 20, Кавадарци – 17, Велес – 11, Охрид – 10, Куманово – 8, Струга – 7, Кичево – 6, Неготино, Ресен и Делчево – по 4, Штип и Кочани – по 3, Тетово, Крива Паланка, Дебар и Берово – по 2, Струмица, Свети Николе, Виница и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (294), регистрирана е 41 реинфекција.
Регистрирани сe 235 оздравени пациенти од: Скопје – 149, Битола – 25, Кавадарци – 14, Куманово – 8, Прилеп – 6, Гевгелија – 5, Струмица и Кичево – по 4, Гостивар, Кочани и Делчево – по 3, Тетово, Велес и Охрид – по 2, Ресен, Валандово, Виница, Крушево и Македонкса Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани две починати лица од: по едно починато лице од Скопје (70 години) и Ресен (78 години). Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 4 починати лица, од Скопје (1), Кичево (1), Штип (1) и Кочани (1), на возраст од 74 до 82 години. Пријавените лица се починати во период од 22 до 25 март 2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (6), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.960.264 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220, а бројот на активни случаи изнесува 1.835.