Општина Битола и Општинската организација на Црвен крст Битола, од вчера ја спроведуваат хуманитарната акција за помош на жителите од збратимениот град Кременчук во Украина.
Во денешната акција се вклучија и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, советници од Советот на општината и директори на јавните претпријатија од градот да дадат придонес за полесно надминување на состојбите со кои се соочуваат жителите на Кременчук, како последица на воениот конфликт во Украина.
На местата за собирање донации се донираше конзервирана и друг вид храна со подолг рок на траење, храна погодна за транспорт и чување, како и средства за хигиена.
М.М.