По четирите романи кои ги издаде во изминатите десетина години, кичевската прозаистка и поетеса Милена Лунеска, ја издаде и првата стихозбирка „Љубов облечена во бело“.

-Стихозбирката „Љубов облечена во бело“ е мојата прва поетска книга,откако претходно ги издадов романите „Два часа“,„Исчистени души“,„Ќерката на премиерот“ и „Добро утро љубов“. Секоја од овие книги е со различна животна тема,полна емоции, на читателот му станува лесно разбирлива непосредна и блиска – рече Милена Лунеска и посочи што пренесува во својата последна книга.

Емотивноста и позитивноста односно првиот глас на мојата совест, срце и душа ја пренесувам на страниците на мојата петта книга – додаде авторката Лунеска, родена во Кичево пред 59 години.

Нејзината проза во повеќе наврати е објавена во голем број македонски портали и во списанија од Хрватска и Црна Гора.

З .А.