Украина и Русија сериозно ги сфаќаат мировните преговори, но останува многу голем јаз меѓу двете страни, тврдат неименувани западни претставници, при тоа додавајќи оти рускиот претседател Владимир Путин најверојатно не е подготвен за компромис, пренесува МИА.
Иако и двете страни истакнаа дека е постигнат ограничен напредок во преговорите оваа недела, Путин покажа малку знаци на попустливост во својот говор, обвинувајќи ги „предавниците и ѓубрињата“ во неговата земја кои му помагаат на Западот.
Според украинскиот претставник на „преговарачка маса“ се правно обврзувачки безбедносни гаранции за Украина. Тоа би значело група сојузници кои би морале да ја штитат Украина во случај на руски напад.
Западен функционер наведе дека деталите за тоа кој ќе биде гарант за безбедност се предмет на разговори со меѓународните партнери, но оти е важно да се воспостават услови.
На прашањето за улогата на Кина во конфликтот и нејзината подготвеност да испорача оружје на Русија, западни претставници истакнаа дека веруваат оти Кина сè уште го формира својот одговор.