Фото: Принт-скрин/Илустрација

Локалните власти на Мариупол денеска соопштија дека градот досега го напуштиле околу 30.000 жители, како и дека не е можно да се утврди бројот на жртви од воздушниот напад врз театарот.

Денеска и вчера и покрај континуираното гранатирање максимално се расчистуваат урнатините и се спасува луѓето. Бројот на жртвите сè уште се утврдува, се наведува во соопштението на Градскиот совет.

Русија негираше дека имало бомбардирање на театарот.

Во Мариупол, според локалните власти, има повеќе од 350.000 луѓе, а 90 отсто од зградите во градот се уништени поради секојдневното руско бомбардирање.