Каролина Биелавска од Полска вчера беше прогласена за Мис на светот, при што учесниците на изборот за убавина и организаторите изразија солидарност со Украинците за време на телевизискиот пренос, пренесуваат светските медуми.
Биелавска која се занимава со манекенство додека студира, беше крунисана во Сан Хуан, Порторико, три месеци по одложувањето на изборот поради пандемијата на ковид-19. Претставничката на САД Шри Саини беше прва придружничка, пред Оливија Јаце од Брегот на Слоновата Коска.
Блескавата церемонија имаше вообичаен тек надополнета со поради за поддршка на Украина, како сосед на Полска, во текот на војната со Русија.
Јамајчанката Тони-Ен Синг, која беше прогласена за Мис свет во 2019 година, испеа обработка на песната „The Prayer“ (молитва) од Селин Дион и Андреа Бочели, додека присутните на бината и во публиката држеа свеќи. На екранот зад финалистите на изборот се појави пораката „молитва за мир“.
Првично закажан за декември минатата година, изборот за Мис свет беше одложен откако 23 од 97-те учеснички беа позитивни на ковид-19 на тестирањето пред церемонијата. За вчерашниот избор беа поканети 40 полуфиналистки.