Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, во текот на изминатата недела преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“, велат од МВР.
– Притоа, лишени од слобода биле Л.А.(32), С.М.(24), Ш.К.(30), Џ.С.(30) и И.М.(33), сите од Скопје, кои биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на улици, булевари и пред верски објекти на подрачјето на Скопје. Со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик – информираат од МВР.