Lukas

Не постои пример за економска војна каква што се води против Русија, ова е ситуација без преседан, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков пред медиумите нагласи дека попусто е да се прогнозира растот на цените, како и оти потребно е преземање мерки за ублажување на негативните последици. Тој одби коментар на прашањето за можен натамошен раст на инфлацијата во Русија.

– Никогаш немало ваква економска војна како таа што е започната против нашата земја. Затоа е многу тешко да се предвиди било што. Сега не треба да прогнозираме туку да дејствуваме – да дејствуваме за да ги минимизираме негативните последици и натамошните ризици – посочи тој.

Песков уште рече дека Русија работи на минимизирање на последиците од покачената инфлација.


Песков: Секој што вооружен ќе нападне наш војник станува цел

Украинскиот претседател Владимир Зеленски потпиша закон со кој им се дозволува на сите граѓани на Украина да користат оружје за време на војната, а од Москва стигна предупредување дека секој што ќе ги нападне нивните војници ќе стане цел.

– Ако некој нападне војник на Руската Федерација, а тој има оружје во рацете, тој станува цел – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков го коментираше и повлекувањето на Русија од Советот на Европа и рече дека тоа значи и повлекување од сите нејзини институции.

Зборувајќи за средбата меѓу Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба во Турција, Песков рече дека Киев постојано предлага средба меѓу Путин и Зеленски.

– Прашањето сега го разгледуваат министрите за надворешни работи на Русија и Украина – рече Песков.