Домување

Ако ви недостига простор во домот, па вашиот стан често изгледа пренатрупано и неуредно, со неколку трика за организација, вашиот дом ќе изгледа поуредено.
Шантел Мила, позната на социјалните мрежи како Мама Мила, сподели видео со три неверојатни трика што секој треба да ги знае за барем малку да си го олесни животот. За овие трикови ви се потребни производи што веројатно веќе ги имате дома, но не сте ни помислиле да ги искористите на овој начин.
Првиот трик што го покажа беше употребата на лепливи куки од внатрешната страна на нејзините наткасни во спалната соба, за да ги скрие каблите за полнење и дополнителните жици. Овој трик е одличен за оние што имаат повеќе кабли и не можат да сфатат како да направат просторот да изгледа уредно.
Шантел воодушеви и со генијалниот трик за отплеткување накит – едноставно ставете значително количество маслиново масло на заплетканиот накит и тријте го додека не се отплетка.
Зголемете го просторот во вашиот плакар со користење отворачи за конзерви на закачалките за да закачите дополнителна облека на исто толку простор. Само ставете еден отворач на закачалката, а потоа закачете друга закачалка на отворачот и ставете ги заедно во плакарот.