Европа се соочува со нова безбедносна реалност по руската инвазија на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, потврдувајќи ја одлуката на Алијансата да ги активира одбранбените планови во Источна Европа, јави ДПА.
-Тоа ќе биде нова Европа по инвазијата што ја видовме денеска – рече Столтенберг, пренесува МИА.
Столтенберг изјави дека Русија испланирала „ладнокрвна“ инвазија додека НАТО се стреми кон дипломатско решение за украинската криза, додавајќи дека Алијансата нема намера да испраќа сили во Украина, откако Русија го нападна нејзиниот прозападен сосед.
-Немаме војници на НАТО во Украина и немаме никакви планови да испратиме војници на НАТО во Украина, рече Столтенберг на прес конференцијата по итниот состанок на амбасадорите на Алијансата.
Тој предупреди дека рускиот напад врз Украина ќе влијае на односите на Москва со НАТО.