Унгарскиот ракометен клуб Веспрем го отпушти тренерот Љубомир Врањеш. Клубот ја прекина соработката со шведскиот стручњак, откако унгарскиот тим беше совладан во саботата од македонскиот првак Вардар во натпревар од Лигата на шампионите.
Сезонава Веспрем има два порази по првите три одиграни кола во ЛШ, од Барселона и од Вардар, а Врањеш не ги оправда очекувањата на раководството и навивачите на унгарскиот клуб.
Освен Врањеш, од Веспрем си заминува и неговиот досегашен помошник Бјорн Сатерстром.
За унгарскиот клуб настапуваат македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и поранешниот голман на Вардар Арпад Штербик.